Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
12.08.2011 15:00 - Този език на Аспаруховите българи ли е?
Автор: bls Категория: Политика   
Прочетен: 2718 Коментари: 6 Гласове:
3

Последна промяна: 12.08.2011 15:05

Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg Постингът е бил сред най-популярни в Blog.bg
                 Ко­га со својот Бјуик пристигнав во градот Ели­за­бет, сонцето веќе заоѓаше и златестите облаци над Њу Џер­си се згустуваа во сиви магли, за да го посипат со дожд очекувањето на ноќта. Летниот ветер солено ги га­ле­ше косите на проститутките и јас сменив во вто­ра бр­зи­на. Бјуикот забревта, незадоволен од мојата на­ме­ра, но по­кор­но се потчини и светлината на фа­ро­ви­те похотливо по­ла­за по голите колена на ќерките на но­ќта. Запалив ци­га­ра, очевидно со цел да не по­пад­нам овој пат на тра­ве­стит, а сивиот дим излета низ про­зо­ре­цот. Со него си оти­де уште нешто. Еден спо­мен за Симона, ќерката на ри­ба­рот.

Таа не веруваше, дека сум вљубен во неа, зо­што ни­кој досега не ја љубел подолго од една ноќ. Неј­зи­ни­от та­тко, рибарот, беше Полјак. Половината од животот го бе­ше поминал во градење на аме­ри­кан­ски куќи, а во за­ле­зот на годините си вообразил, дека мо­же да се из­др­жу­ва од риболов. Впрочем неговата ќер­ка, Симона, одамна не живееше со него, а жена не­ма­ше.

Нај­пр­вин Лешек, когошто американците го на­ре­ку­ваа Лестер, си купи јахта, а подоцна му пред­ло­жи­ја да го земе под рента јахтинг клубот „Пио“ и би­деј­ќи некој тре­ба­ше да ги полира со восок дрвените по­до­ви на јах­ти­те, Лешек ми се јави по телефон и ми ја понуди таа ра­бо­та. Веќе ми се беше смачило да се ка­чу­вам по покривите и да забивам во нив гро­мо­бра­ни, па се согласив. Не знаев де­ка има ќерка. Никогаш по­ра­но не ми кажал за неа, кога за­ед­но поставувавме тен­ди и ги облекувавме над­во­реш­ни­те ѕидови на ку­ќи­те со фасади. Си купив жолти гу­ме­ни ракавици и за­поч­нав да ги масирам кајчињата со тен­ки пластови па­ра­фин.

Јах­тинг клубот „Пио“ кој се наоѓаше во Њу Ро­шел не беше голем. Лево од нас имаше уште три такви клу­ба, а од десно неколку ресторанчиња се беа сим­на­ле на самите карпи над океанот.

За­ли­вот беше тивок. Наоколу мирисаше на ал­ги и со­лен воздух. Одливите ја носеа океанската вода нав­на­тре, а приливите ја враќаа. Постојано иста, тем­но­зе­ле­на. Ми дадоа соба до пристаништето, точно спро­ти све­тил­ни­кот, кој трепереше како свеќа, што мо­же да згасне се­кој миг. Ми рекоа, дека го само тој стан го имаат на рас­по­ла­га­ње, огромен како амбар. Со др­ве­ни триаголни про­зор­ци и полн со некакви стари, за­бо­ра­ве­ни кутии за риб­ни конзерви. Една просторија во­де­ше кон терасата, а од неа можев да скокам врз пла­жа­та и така да стигнам по­бр­зо клубот. Во дното на ста­нот јапонски ѕид ја де­ле­ше малата кујна, каде што во мијалникот открив една цр­на тава, неколку ви­љу­шки, лажици и ножеви и една вал­ка­на чинија. Ка­на­ли­за­ци­ја­та беше затната, па купив средс­тво за про­чи­сту­ва­ње, а тоалетната шолја и кадата ги измив со телена че­тка. Ги пребојадисав ѕидовите на ста­нот во бело, а из­лу­пе­ни­от, дрвен под го премачкав со окер. Оста­ну­ва­ше уште само да купам црн спреј, за да го осве­жам же­лез­ни­от, рѓосан кревет и алуминиумската ма­са.

Пра­вос­му­кал­ка­та брмчеше и не чув, дека некој чу­ка. Ја зедов дрвената скала, за да ги измијам про­зор­ци­те, кога зад кутиите се поддаде русо девојче, со џинс и кра­тка морнарска блуска. Се насмевнав, зошто си по­мис­лив, дека е сопственичката. Ја исклучив ма­ши­на­та и ка­жав:

- Здра­во.

А таа зачудено крена раце:

- Што си направил со мојата гајба?

- Со твојата гајба? – одговорив на прашањето со пра­ша­ње.

Тоа беше Симона, ќерката на Лешек. Кога си до­а­ѓа­ла во Њу Рошел, во јули, живееле овде, а сега та­тко и ја бе­ше лишил дури и од оваа задоволство. А таа ду­ри и не зна­е­ла, дека го дале на друг. Оние од клубот би­ле ви­стин­ски разбојници, од секаде гледале да изв­ле­чат пари. Ете сега и складот за конзерви, кој таа, со сопс­тве­ни пари си го претвори во живеалиште, го да­доа под наем. Мене.

-   Ти таму ли работиш? – праша Симона.

-   Да.

-   Ка­ко и да е! – одмавна со рака и си тргна.

-   По­че­кај! – ја застанав. Таа се сврте и ме изг­ле­да не­за­до­вол­но – Извини – се обидов да ја насмеам, - да­ли би сакала да ми покажеш како се пушта водата во кадата. Не гледам никаде славина.

Си­мо­на се насмевна. Имаше убави бели заби, а очи­те и беа кадифени:

-   Се разбира дека нема. А кадата се полни, кога ќе исипаш неколку кофи вода од мијалникот.

-   Пре­крас­но – кимнав со глава. – Не знаев, дека Ле­шек има ќерка. Кај живееш?

-   Во Њу Џерси – одговори Симона и се доб­ли­жи до прозорецот, за да ми покаже како се отвораат тие др­ве­ни триаголници. На крајот ми посака пријатен пре­стој во нејзиното живеалиште и си излезе, про­ви­рај­ќи се низ ла­ви­рин­тот од кутии. Се протна така умеш­но, што се отка­жав од првобитната идеја да ги исфр­лам овие оста­то­ци на веќе непостоечката кон­зерв­на фабрика на Њу Ро­шел. Дури сега забележав, де­ка картоните се наредени ка­ко испрекршен ходник. Ако некој влезе во темното и не ги познава кривините на патеката, со сигурност би трес­нал во нив уште на вто­ри­от завој.

Ја оставив скалата и излегов на терасата. Ду­ва­ше ле­сен ветрец, а Симона стоеше на брегот и гле­да­ше како умо­ре­но­то сонце го исполнува небото со цр­ве­ни­ло. Од ма­ке­дон­ско­то ресторанче на Тимотеј до­ле­ту­ва­ше кршна свад­бар­ска песна. Скокнав на плажата и седнав на лад­ни­от песок. Продолжив да ја гледам, а таа извади мала пи­та леб и започна да ги храни чап­ји­те. Тие грабливки го зграп­чу­ваа својот залак и бргу од­ле­ту­ваа навнатре во оке­а­нот, за да ги подмамуваат ри­би­те. А Симона да­реж­ли­во ги расфрлуваше за­ла­ци­те по песокот, се смееше на чап­ји­на­та борба за на­суш­ни­от, зборуваше нешто. Од исток долета мек сребрест са­мрак. Светилникот задиша со ритамот на брановите. А Симона не се свртуваше, ка­ко воопшто да не зна­е­ше, дека сум зад неа. Решен бев да и дадам половина од станот и половина од рѓосаниот же­ле­зен кревет. Фар­мер­ки­те и беа скинати над колената, а го­ли­те раце и беа покриени со чоколадна боја. Настрана од неа не­у­ред­но и беа фрлени патиките, а јас веќе со со­бра­на сме­лост извикав:

-   Си­мо­на!

Таа се сврте зачудено. Мавна кон мене со рака, си ги зеде патиките и дојде кај мене. Јас станав и ја пра­шав:

-   Са­каш ли да се напиеме по едно пиво? – по­ка­жав кон македонското ресторанче.

-   Не, благодарам! – се насмевна. – Тргнувам за Ели­за­бет. Додека да стигнам до Њуџерси, сосема ќе се стем­ни, а ако има и гужва на автопатот, ќе задоцнам. На ра­бо­та сум.

И јас се насмеав.

- Ка­де работиш?

Ко­леб­ли­во одговори:

-   Во еден ресторан – ми посака пријатни сни­шта и се искачи по скалите до улицата, каде што беше неј­зи­ни­от бел Форд.




Гласувай:
4
1


Вълнообразно


1. bls - от романа Македонката, 1998 г. на моя приятел letopisec,
12.08.2011 15:04
издаден и в Скопие през 2007
цитирай
2. bls - та въпросът е,
12.08.2011 15:10
това български език ли е или тракийски???
цитирай
3. letopisec - ще досадим вече на хората,
12.08.2011 15:20
с тия глупости на Спароток...Не беше лошо да ме питаш като мой издател преди това, а не постфактум. Както и да е, знам, че си съпричастен към българската история и не можеш да търпиш някой да нарича великите българи "чергари", претопили се в морето от траки. Преди ни претопяваха съветските учени в морето от славяни. Сега има нови демиурзи, като Спароток, дето искат да изкарат българите без късно-антична история. Иначе, знай, че аз приемам възгледа на Вл. Георгиев и Ив. Дуйчев, че доколкото е имало траки през VІІ в., те са станали част от българската народност, но не мога да приема извода, че македонизма и тракедонизма искат да унищожат нашата българска история...Доскоро.
цитирай
4. boristodorov56 - Не знаеш ли, че тук се публикува на български език?
14.08.2011 12:26
Летописец, ти македоничарси списувател ли си?
цитирай
5. bls - че това е български диалект,
14.08.2011 17:03
господине.
цитирай
6. shtaparov - Няколко уточнения:
17.08.2011 16:50
Езикът от по-горе си е чист Български-много важно като е на диалект! А на Летописец искам да кажа,че Траките са били винаги част от самите пра-Българи,
и никой никого не се е налагало да претопява. Нашата Българска история не е само онова,което се учеше в училище,а към него трябва да се добави още поне десет пъти повече материал,за да се обхване цялостната ни история поне отгоре-отгоре. Не случайно арабските пътешественици от IX-X в. ни информираха,че Българите се състоят от три исновни колена:

1. Ал Булгар /Блъгари,Блъги,Бълги/= Бриги /Фриги,Фраки= Траки/,и Балги /Балти,
Келти/. Т.е.- Първото коляно на Българите са Трако-Фригийците и Келтите.
2. Ал Берсула /Берсили,наричани също и Верили/= Вилири /Илири/ и Гермити /Германи/. Т.е.- Второто ни коляно са Илирите,Германите /древните/ и Берсилите /Берзитите,Березитите/.
3. Ас Сакалиб /Сакалиби,Сакалави,Склави,Склоти,Сколоти/= Слави /Славяни/ и Сколоти /Скити/. Т.е.- Третото ни коляно са Скито-Славяните.

Сведението на арабския автор се потвърждава и от общонародностното название на всички тези племена,които някога са се наричали БУРГАРИ,а това име е изговаряно изопачено от гръцките автори като "Барбари",а от латинските-като "Варвари".
цитирай
Търсене

За този блог
Автор: bls
Категория: Политика
Прочетен: 1271227
Постинги: 63
Коментари: 728
Гласове: 284
Календар
«  Септември, 2021  
ПВСЧПСН
12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930